ВИДЕО: Инженер вгради влез за слушалки во „Ајфон 7“

Од:

Иако Епл го укина влезот за слушалки кај „Ајфон 7“ поради конструкцијата и недостаток од простор на самиот уред, еден 38-годишен инженер одлучи да докаже дека овој проблем е надминлив.

Ален, кој моментно живее во кинескиот град Шенжен, трудот го чинеше четири месеци и неколку илјади долари, но на крај најде решение и сето тоа го претстави во 33-минутно видео.

Како му успеало? За да го создаде потребното место за влез, тој користел специјална алатка за стругање цврсти материјали (како, на пример, алуминиумот) кои се наоѓаат во телефонот. Потоа, го употребил малиот адаптер на Епл, што овозможува поврзување на стандардното џекче со „Лајтнинг портот“ на самиот уред.

Тука е и електронската плоча која Ален сам ја дизајнирал, а којашто го овозможува слушањето музика.

За жал, тоа не значи дека смартфонот може да се полни додека слушаме музика.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска