СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е единствена партиjа којaшто не платила данок

Од:

„Последните објавени информации дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ од претходните парламентарни избори не платила данок на државата, се уште еден доказ за лицемерното, неодговорно и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Долгот што ВМРО-ДПМНЕ го има кон државата, поради неплатен данок, докажува дека партијата на Никола Груевски, воопшто не ја интересираат ниту граѓаните ниту државата.

Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа, да глуми загриженост за економијата и буџетот на Република Македонија, а истовремено да не ги исполнува своите законски обврски за плаќање на даноци.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ мислеше на државата и нејзините граѓани, а не на криминалните апетити на Груевски, тогаш, како и секое друго правно и физичко лице, навремено ќе ги исплаќаше своите обврски кон државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски