Хуманитарана акција во Тетово по повод 11 Септември

Од:

Aмериканско катче во Тетово заедно со амбасада на САД во Скопје, тетовската општинска организација на Црвенот крст и Институтот за трансфузиологија при Клиничката болница во Тетово денеска организираа хуманитарна акција за донирање крв и собирање храна (конзервирана или храна што не се расипува) и облека.

Овој настан се организира по повод 11 Септември што во САД се одбележува како ден на солидарноста и помош на заедницата. Акцијата се реализираше во просториите на тетовскиот Центар за култура „Иљо Антески Смок“.

– Денеска се одбележува 16-годишнината од терористичките напади од 11 септември. Денес Американците своето време го посветуваат на оние кои се загинаа за време на својата служба и ги тешат нивните семејства што ги оставија. Од 2002 година САД одржуваат спомени за оние кои ги загубија животите во службата на нивните заедници. Тоа е национален ден на солидарност и сеќавање. Ова е 9-та година откако Американска амбасада во Македонија го одбележува Денот на сеќавањето со донирање на крв, храна и облека во соработка со Црвениот крст во Македонија. Денеска во Американските катчиња во Скопје, Битола, Струга, Штип и овде во Тетово ќе може луѓето од Македонија да донираат и да учествуваат на овој ден. Ова изгледа како мал придонес но тоа има големо влијанеи во локалните заедници, изјави Шалом М. Константино, координатор на програми за млади и образование во Американска амбасада.

Во акцијата учествува голем број жители на Тетовско, пред се крводарители. Меѓу нив беа Ахмед Ќазими раководителот на Секторот за јавни дејности во општина Тетово и Гзим Сулејмани координатор на Американското катче во Тетово.

Би можело да ве интересира

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Почетокот на судскиот процес за театарот и библиотеката повторно одложен – нов термин закажан за 8 октомври