Измените за унапредување на правата на лицата со попреченост прифатени од матичната собраниска комисија

Од:

За остварување на право на паричен надомест за деца со траен инвалидитет да не се поднесува лекарски доказ секоја година, туку центрите секоја година по службена должност да го продолжуваат правото, воведување персонален асистент за лица со попреченост, укинување на конзилијарно мислење за добивање туѓа нега, како и укинување на цензусот за висината на месечни примања на семејството на барателите за надомест за мобилност, слепило, глувост или за туѓа нега, предвидуваат измените и дополнувањата на законите за заштита на децата и за социјална заштита кои поминаа во прво читање на Собраниската комисија за труд и социјална политика.

Како што појасни на денешната комсиска расправа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска за дете за кој од стручен орган е издаден траен наод, за продолжување на правото на посебен додаток за нареданата година да не се поднесува, и оти не е потребен повторен преглед или контрола. Измените на законот за детска заштита, како што појасни министерката ќе пончат да се применуваат од 1 јануари наредната година.

Измените, пак, на Законот за социјална заштита, предвидуваат воведување на персонален асистент за лица со попопреченост за првпат во Македонија, а додатокот првпат во Македонија ќе се доделува без конзилијарно мислење.

– Исто така, нема да се пресметуваат приходите на семејството за корисникот да го добие правото на паричен надомест за туѓа нега, мобилност, слепило или глувост односно тоа ќе биде без цензус, рече Царовска, додавајќи дека со сите овие измени ќе се унапредат правата на лицата со попреченост.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека ќе го поддржат овие законски измени и дополнувања, со оглед на тоа што како што рекоа, тие значат унапредување на правата на лицата со инвалидност, нешто, на кое, како што рекоа и минатата влада работела континуирано.

Со оглед на тоа што се укинува конзилирајното мислење и се воведува лекарски екипи да ги посетуваат барателите во нивните домови, пратениците од опозицијата побараа мислење од Царовска дали со 12 лекари, претходно вработени шест и дополнителни шест нови, ќе можат да се опслужат сите баратели и дали тоа нема да значи пролонгирање на разгледувањето на барања.

Тоа нема да се случи, рече, ќе се работи со шест екипи по двајца лекари. Чекањето на барателите ќе се намали, со оглед и на фактот што се укинува и цензусот, а со тоа нема да биде потребна потврда за примања од УЈП за која се чекало и по шест месеци.

Измените за овие законски решенија, се на дневен ред на 13. собраниска седница која почнува денеска.

Предтходно, Комисијата за труд и социјална политика ја продолжи и расправата по законот за зголемување на платите поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, точка на дневен ред на 6. седница на оваа Комисија, но ја прекина со цел да се разгледаат точките од областа на социјалната и детската заштита кои треба да се најдат на пленарна седница.

На дневен ред на седницата на Комисијата на која измените за покажување на платите, се и измените на законите за минимална плата и за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на приватизација на претпријатија во државна сопственост.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител