Во Крива Паланка регистрирани 111 кривични дела во првото полугодие од 2012 година

Од:

Според информацијата на Полициската станица од општа надлежност од Крива Паланка за преземени мерки и активисти во текот на првото полугодие од 2012 година од областа на криминалитетот регистрирани се 111 кривични дела.

Пројавениот криминалитет бележи зголемување од 35 проценти во однос на истиот период од изминатата година, кога се регистрирани 102 кривични дела.

Од вкупниот број регистрирани кривични дела 85 се извршени од непознат сторител, од кои по преземените мерки и активности од ПС од ОН од Крива Паланка реализирани се 31 кривично дело.

Останатите 26 кривични дела се сторени од страна на познат сторител, или расветлени се вкупно 57 кривични дела, при што во изештајниот период поднесени се вкупно 45 кривични пријави против 59 сторители.

Со извршените кривични дела на приватен и државен имот причинета е вкупна материјална штета од 3.680.521 денар.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он