ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС не реконструира ниту една болница, а парите расипнички ги потроши

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ со 2 милиони евра ја реконструира Специјалната болница за белодробни заболувања и турбекулоза „Јасеново“ во Велес.

СДС за овие 100 дена владеење ги задолжи граѓаните за 350 милиони евра. Со овие пари, неодговорната влада на Заев можеше да реконструира 175 болници низ Македонија кои ќе им бидат од големо значење на граѓаните.

Влада на СДС не реконструира ниту една болница, а парите на граѓаните расипнички ги потроши.

Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа расипничката и погубната политика која ја спроведоа СДС и Заев.

Граѓаните видоа дека на владата на СДС, здравјето на граѓаните е ставено во втор план, а приоритет е луксузирањето на нивните партиски војници.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаат голема придобивка.

Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствениот систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места.

На 15-ти октомври, граѓаните ќе им стават крај на ваквите погубни политики на СДС и Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски