Седници на пет собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за труд и социјална политика, за култура, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог – закон за употреба на јазиците во прво читање.

Членовите на Комисијата за труд и социјална политика ќе расправаат по Предлог законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија, по Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата и по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, сите по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за култура се Предлог – законот за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик, двата во прво читање и Активностите за подготовка на Предлог-програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2018 година.

Законодавно-правната комисија ќе расправа по Предлог – законот за изменување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија, Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, сите по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред се и Предлог – законот за употреба на јазиците во прво читање, како и Предлог законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија и Предлог законот за изменување и дополнување на законот за извршување, двата по скратена постапка во второ читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе го разгледа Предлог законот за дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост во прво читање.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он