Норвежаните почнаа денеска да гласаат за избор на нов состав на Парламентот, а изборите се оценуваат како мошне контроверзни, со оглед на тоа што анкетите покажуваат дека централнодесничарската Влада на премиерката Ерна Солберг и левоцентристичкиот блок на чело со Јонас Гар Сторе имаат речиси еднакви шанси.
Конзервативците на Солберг сакаат да ги намалат даноците, ако добијат нов четиригодишен мандат, а левоцентристичкиот блок на Сторе сака зголемување на даноците, со цел да се добијат средства за зголемување на квалитетот на јавните услуги.
Резултатите можат да се одразат и на мошне важниот нафтен сектор, со оглед на тоа што кој и да победи на изборите ќе има потреба од поддршка од една или повеќе партии, кои пак сакаат да наметнат ограничувања на експлоатацијата во арктичките води крај северното крајбрежје на Норвешка.
Гласањето трае два дека од 11 часот изутрината до 19 часот утре според Гринич.
Во повеќето анкети во текот на годината Работничката партија и нејзините левоцентристички сојузници водеа на анкетите и се очекуваше да победат, но поддршката за Владата се зголеми, откако беше забележано закрепнување на економијата.
Анкетите од овој месец покажуваат дека четирипартиската блок на Солберг ќе добие 85 места во 169-члениот Парламент, а Сторе и левоцентристите се очекува да добијат 84 места.
Победникот ќе мора да има многу добри постизборни преговори и да ги задоволи барањата на помалите партии во замена за нивната поддршка во текот на следните четири години.
Партијата на Зелените инститира на престанок на нафтените ископувања поради климатските промени и загадувањето на животната средина, а други помали партии, кои може да бидат вклучени во разговорите за коалиција, исто така сакаат ограничување на новите студии во арктичките води. Секторот на нафта и гас учествува со речиси половина од приходите од извозот во Норвешка. Мнозинството во Парламентот ќе зависи и од евроскептичната Социјалистичка партија, како и од екстремната левица, Црвената партија. Сите овие партии имаат негативен став кон моментатлниот аранжман со Европската унија.