(ВИДЕО) Наумоски: Новата локална власт од СДСМ ќе го реши проблемот со преполните и дотраени градинки во Ѓорче Петров

Од:

Александар Наумоски, потпретседател на Градска организација СДСМ – Скопје и кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров денеска во изјава за медиумите рече дека стотици деца од предучилишна возраст во таа општина не можат да се запишат во градинките, бидејќи за нив нема место и тие остануваат заглавени на списоците за чекање.

– Покрај тоа што се преполни, дел од градинките во општината се дотраени и се без елементарни услови за непречена работа. Таков пример за дотраена градинка е и оваа градинка во Дексион што се наоѓа зад нас. Поради ограничениот капацитет на постојните градинки и недостатокот на нови објекти родителите се приморани сами да се снаоѓаат и своите деца да ги остваат кај нивните баби и дедовци или пак од свој џеб да плаќаат дадилки. И покрај бројните апели, локалната власт во заминување предводена од Сокол Митровски, не најде за потребно да го реши овој проблем и да им помогне на граѓаните. Се потрошија милиони евра пари на граѓаните, а продолжената рака на Никола Груевски, Сокол Митровски зад себе остави преполни и нефункционални градинки, рече Наумоски.

Тој додаде дека по локалните избори, новата локална власт ќе се зафати со решавање на овој проблем.

– Новата локална власт предводена од СДСМ, во соработка со Владата и Министерството за труд и социјална политика, ќе обезбеди доградба и реконструкција на постојните објекти заради зголемување на капацитетот на места за упис на деца. Дополнително, ќе се обезбеди и маркица за нова градинка во Волково за изградба на нова градинка, а во меѓувреме ќе се изнајде соодветно решение за адаптација на соодветен простор до изградбата на новата градинка, рече Наумоски.

Тој кажа дека Ѓорче заслужува нова локална власт, која што ќе работи домаќински и ќе се води од интересите на граѓаните, а не од интересите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје