Кривична пријава за тројца скопјани кои ограбија бензинска на автопатот Велес – Скопје

Од:

Против тројца скопјани поднесена е кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

Тие се осомничени дека на 6 септември ја ограбиле бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје кога со закана со пиштоли одзеле околу 30 илјади денари од вработената.

Кривичната пријава е поднесена против А.А. (24), Л.Ј. (18) и Д.Д. (26). Тројцата се договориле да се сретнат на паркинг простор на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ за потоа да ја ограбат бензинската пумпа. Кон бензинската пумпа се упатиле со патничко возило „Ауди-80“ сопственост на Д.Д, а кога стигнале А.А. и Л.Ј. маскирани влегле и со закана со пиштол го одзеле дневниот промет.

По пријавување на настанот во СВР Скопје, тим од единицата „Алфа“ тргнал во потрага по возилото при што автомобилот е запрен на патот кој води од селото Јурумлери кон селото Долно Лисиче. Во возилото пронајдени се еден пиштол со рамка, една рамка за пиштол, гумени медицински ракавици и облека, кои биле предадени за вештачење. Уште еден пиштол, кацига за глава и еден ранец биле пронајдени на друга локација. Овие предмети, од возилото ги фрлиле А.А. и Л.Ј. кога забележале дека ги следат полициски возила. Тројцата пријавени биле приведени во полициската станица Гази Баба каде го појасниле начинот на кој го извршиле делото.

Истиот ден, со судски наредби, кај тројцата пријавени биле извршени претреси во домовите и други простории при што кај А.А. пронајдени се разновидни предмети кои се одземени и за кои дополнително ќе се прават анализи и проверки дали потекнуваат од кривични дела.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски