Груевски: Предложениот закон за јазици е неуставен, може да биде оспорен од било кој граѓанин пред Уставниот суд

Од:

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Груевски денеска изјави дека предложениот закон за јазици е неуставен и може да биде оспорен од кој било граѓанин со поднесена претставка до Уставниот суд.

Според Груевски, премиерот Зоран Заев „се поигрува со чувствата на граѓаните од албанска етничка припадност, бидејќи воопшто нема решение за конкретните проблеми на граѓаните“.

– Навистина се чудам дали тоа го прави самиот Заев сега пред избори да си поигра со чувствата на албанските граѓани или пак се прави договорено со ДУИ кога однапред се знае дека клучните одредби од законот што го направиле се неуставни дека тие можат да паднат при поднесување претставка до Уставниот суд од кој било граѓанин на државата, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Куманово.

Коментирајќи ги првите 100 дена на новата Влада, Груевски рече дека има голема разлика со работата во првите сто дена на претходната влада што предводеше тој. Реализирале, како што рече, 56 проекти, за намалување на даноци, субвенции за земјоделци, повик за трет телефонски оператор, закон за отварање нов универзитет во источна Македонија. – Тогаш и денес има голема разлика. Релативно е прашањето дали е тоа многу е или малку, најдобро е кога се спореди со првите 100 дена при нашето доаѓање во Владата, изјави Груевски.

Тој го повтори ставот дека Владата е дефокусирана од економијата и оти не е заинтересирана за нејзин напредок или за отворање нови работни места, туку се фокусира на прашања кои не ги засегаат граѓаните.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески