Собранието ја заврши 5. седница, по паузата ја продолжува 12.

Од:

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на продолжение на 5. седница го разгеда Извештајот за работата на Агенцијата за администрација. Ова беше и последна точка на дневниот ред на оваа седница, а за во 15 часот најави продолжение на 12. седница.

Во претпладневниот дел од продолжението нд 5. седница во расправата по Извештајот учествуваа пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои го оценија Извештајот како позитивен, сеопфатен, кој ја отсликал работата на Агенцијата во 2016 година.

Тие посочија дека откако е формирана Агенцијата зголемен е квалитетот во администрацијата и порачаа до новото раководство Агенцијата да продолжи професионално да работи и во прв ред да ги стави способноста и квалитетот на кадрите.

Претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери за 15 часот најави продолжение на 12. седница.

На дневен ред на оваа седница се предлог законите за минимална плата, за стечајците, измени на Законот за аудиро и аудиовизуелни медиумски услуги, измени на Законот за исплата на платите, потоа на Законот за извршување и Предлог законот за издавање на вредносни бонови – ваучери.

Би можело да ве интересира

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите