„Се што видовме во првите 100 дена од владата на СДС е деструкција, неспособност, лаги и манипулации.
СДС во првите 100 дена од нивното владеење не направија ниту еден конкретен проект кој ќе биде за добробит за секој граѓанин. СДС не донесе ниту едно законски решение или мерка со која ќе го подобри стандардот на граѓаните. Видовме само запирање и кочење на проектите кои веќе беа започнати од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Економијата ја доведоа во целосен колапс. градежништвото кое беше двигател на економијата секојдневно тоне, незадоволни и разочарани земјоделци, изманипулирани пензионери и младина. Ова е успехот на СДС во првите 100 дена од нивното владеење.
Своето неработење и неспособност се обидуваат да го сокријат преку политички хајки и поднесување на неосновани кривични пријави.
Поднесената кривична пријава од СВР Прилеп веќе еднаш еднаш беше поднесена до Јавното обвинителство и таа беше отфрлена од надлежното обвинителство. Истата сега повторно се поднесува се со цел моја лична дискретитација и да се отргне вниманието на јавноста за нереализирањето на ниту еден проект во општина Прилеп од страна на Владата на Зоран Заев.
Имено, продажбата на овие 2 стана како и останатите станови во државна сопственост е извршено согласно важечките законски и подзаконски акти. Имено ова право на Министерот за транспорт и врски е определено согласно Закон за продажба на станови во општествена сопственост, Одлука за продажба на станови кои, права должности и одговорности во поглед на располагањето има Република Македонија (Службен весник бр. 68/92 и 62/03) донесена согласно член 2 од горенаведениот Закон и Решение за овластување за потписник за склучување на договори за купопродажба на станови од 24.10.2006 година.
На 15 октомври граѓаните на Прилеп и Република Македонија ќе ја казнат оваа деструктивна политика на СДС и нивната неспобност и хаос кој и го предзвикаа на Република Македонија.
Ова е дел од валканата кампања на СДС која е составена од измислици, лаги и манипулации со цел да ја покријат својата неспособност“, вели екс министерот за транспорт, Миле Јанакиески, во своето писмено соопштение.