Поминаа 50 години откако италијанскиот производител го претстави еден од најинтересните автомобили во својата историја Алфа Ромео 33 Страдале.
Алфа Ромео 33 Страдале бил претставен во 1967 година во Монца, во рамки на тркачкиот викенд на Формула 1 за Големата награда на Италија.
Овој супер спортски модел на Алфа го дизајнирал Франко Скаглионе, а се појавил во времето кога се појавил и легендарниот модел „Ламборџини Миура“.
Италијанскиот производител изработил само 18 примероци, од кои пет концептни автомобили. Во зависност од изворот на информацијата, се смета дека до денешен ден опстоиле пет или шест од овие возила.
По повод 50-годишнината од постоењето на моделот „33 Страдале“, Алфа Ромео организира специјална изложба во Музејот Сторико, во предградие на Милано.
Посетителите ќе можат да го видат прототипот и неколку концептни возила изведени на шасијата на моделот „33 Страдале“, како и тркачките автомобили 33/2 Dayton, 33/3, 33 ТТ12 и 33 SC 12.