Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер е елиминиран во четвртфиналето на УС Опен. Подобар од него беше Хуан Мартин дел Потро од Аргентина.
Федерер го призна поразот и нагласи дека не е разочаран и покрај пропуштена можност да дојде до првото место на АТП листата.
– Искрено не сум фрустриран поради поразот. Одиграв тежок турнир и на некој начин сум и среќен со пласманот во четврфиналето. Налетав на тежок противник кој реално беше подобар. Дел Потро е заслужено во полуфиналето, а јас со моменталната форма не бев доволно добар да го освојам Грен слемот.
Федерер за до крајот на годината ги најави своите настапи на турнирите во Шангај, Базел, Париз и Лондон.
– Во следниот период ќе се одморам добро, а пота ме чека уште многу работа и подготовка за наста на Мастерс турнирите до крајот на година, истакна швајцарскиот тенисер.