А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Габриел: Новата Влада имаше импресивен почеток, опозицијата да не блокира

by А1он07/09/2017 - 10:48119
Share0

Новата македонска Влада имаше импресивен почеток и се фокусира на соработка со соседите преку амбициозни реформскии проекти и позитивни чекори, истакнал германскиот министер за надворешни работи на средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров вчера во Берлин.

Следете a1on на Instagram Instagram

Габриел, како што соопшти денеска геманското МНР, му ги пренел на Димитров честитките за првите 100 дена на Владата на премиерот Зоран Заев.

– Сега е клучно најавените реформи да се спроведат, а реформскиот процес во Македонија повторно да добива во интензитет. Само на тој начин Македонија може да напредува на патот на евро-атлантското приближување. Исто така, сакам да апелирам до актуелната опозиција да не го блокира добриот почеток на новата влада и да не одбива конструктивна соработка со владата. Бидејќи, сето тоа ќе биде за добро не само за ЕУ перспективата, туку и за граѓаните на земјата, кои се надеваат на напредок и подобрување на нивната животна ситуација, порачал Габриел.

Тој ја нагласил поддршката на Германија за евроатлантската перспектива на Македонија, како и на другите држави од Западен Балкан, која не е само политичка, туки и практична, со совети и дела, посочувајќи го како пример Берлинскиот процес.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Заедно со нашите партнери во ЕУ, работиме на интензивирање на нашата поддршка. Во исто време, сепак, нема да има отстапки за време на процесот на пристапување. Реформите треба да се спроведат, нагласил шефот на германската дипломатија на средбата со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

germanijavlada

Би можело да ве интересира

Велика Британија и Германија го осудуваат рускиот напад врз Украина: Москва останува закана

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:17

Вајдел: Погрешната миграциска политика е отров за германската економија

Горан Наумовски30/07/2026 - 13:51

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Горан Наумовски29/07/2026 - 15:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео