Во завршницата на Грен слемот US Open во Њујорк се пласираа четири американски тенисерки.
Последна пласман во полуфиналето избори Медисон Кискоја ноќеска ја победи Каја Канепи од Естонија со 2-0, по сетови 6:3 и 6:3.
Таа во полуфиналето ќе игра против Коко Вандевеј која во четвртфиналната пресметка беше поуспешна од првата светска тенисерка Каролина Плишкова со 2-0 во сетови.
Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Слоан Стивенс и Венус Вилијамс.
Од четирите тенисерки полуфиналистки, пред почетокот на турнирот најдобро котираше Вилијамс која беше деветта носителка.