Надбискупот на Англиканската црква тврди дека британскиот економски модел е неправеден

Од:

Надбискупот на Англиканската црква Џастин Вилби изјави дека британскиот економски модел е истрошен и неправеден и повика тој да биде заменет со нов и поправеден.

Во рамките на изградбата на новиот модел, Вилби заговара зголемување на платите на работниците, пофер даночна политика, со зголемување на даноците за побогатите во Британија и сугерира спроведување на училишна реформа.

Тој уште заговара зголемено инвестирање во т.н. „зелена“ технологија и во секторот на домувањето, со интензивно градење на нови станбени објекти.

Во изјавата, која се оценува како „извонредно силна политичка интервенција“ надбискупот тврди дека досегашниот британски економски модел е истрошен, затоа што целосно е исчезнат поствоениот оптимизам, што постоеше во земјата по завршувањето на Втората светска војна.

Лондонските медиуми, кои на оваа невообичаена „политичка“ интервенција на црквата и посветуваат големо внимание, тврдат дека таа нема да им се допадне на премиерот Тереза Меј и на министерт за финансии.

Министерот Филип Хамонд во кусата реакција, ги отфрла критиките на надбискупот и тврди дека Британија станува „порамноправно општество од порано“.

Вилби, пак, порачува дека вработените и посебно работниците во Велика Британија, се соочуваат со најголемата стагнација на проселните плати во последните 150 години.

Десноцентристичнниот „Дејли Меил“ кој важи за блисок до британските конзервативци, единствен го обвинува надбискупот Вилби за „левичарење“. Според овој лондонски весник, тој се ставил во улога на „промотор“ на ставовите на крајната левица и на синдикатите, посебно кога станува збор за повисоко и построго оданочување на богатите Британци.

Анликанската црква е одамна одделена од државата, па таа не се меша во политичкиот живот на земјата, но ова не е првпат еден надбискуп да се јави во јавноста и со „политички гледања„ за определени состојби во Британија.

Ваквите интервенции секогаш биле третирани како „лични погледи“ на било кој од високодостојниците на црквата.

Би можело да ве интересира

Во Англија пациентите на кардиологија чекаат повеќе од една година за лекување

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Серијата апсења низ Англија, тројца мажи се обвинети за шпионажа

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он