ЗНМ ја поздрави одлуката на Владата за отвореност на информациите

Од:

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Владата за обезбедување на бесплатен пристап на новинарите до документите од Централен регистар и Агенцијата за катастар на недвижностите.

– Веруваме дека бесплатниот пристап на новинарите до важни документи во земјата ќе го олесни пристапот на истражувачките новинарите до информации од интерес за јавноста, а со тоа ќе се подобри и информираноста на граѓаните, се вели во соопштението на ЗНМ.

Од ЗНМ сметаат дека оваа одлука ќе ја зголеми транспарентноста, отчетноста и одговорност на носителите на јавните функции, а воедно ќе влијае и за намалување на корупцијата и на разни форми на злоупотреби на власта

– Постојано сме инсистирале на новинарите да им се овозможи слободен пристап до информациите од јавен карактер со цел да се поттикне развојот на истражувачкото новинарство кое се наоѓа на маргините на медиумскиот простор, вели во соопштението претседателот на ЗНМ Насер Селмани.

ЗНМ и во иднина ќе ја поддржи секоја мерка на Владата која оди во прилог на обезбедување поволен амбиент за работа на новинарите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

Владата ја продолжи кризна состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места