Фицо: Словачка ја прифаќа одлуката на Европскиот суд, но не го менува ставот за бегалците

Од:

Словачка ја прифаќа пресудата на Судот за Европската Унија за отфрлање на заедничката жалба со Унгарија за миграциската политика на ЕУ, но нема да ја промени негативната позиција за бегалските квоти, изјави денеска премиерот Роберт Фицо.

– Позицијата за квотите останува непроменета. Ќе продолжам да работам за солидарноста да биде изразена на различен начин, а не други земји да ни испраќаат мигранти кои и онака не сакаат да бидат тука, нагласи Фицо.

Судот на ЕУ денеска ја отфрли жалбата на Словачка и Унгарија против европската заедничка миграциониа политика.

Според судот, ЕУ има право да им налага на националните влади да примат бегалци на принцип на квоти, главно од Сирија, кои сега се сместени во Италија и Грција.

Програмата на ЕУ предвидува преселба на околу 160 илјади баратели на азил во земјите членки. Од нив засега се преселени само 25 илјади бегалци.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти