Филипини ќе и помага на своите граѓани депортирани од САД

Од:

Филипинските власти соопштија дека ќе им излезат во пресрет на сите свои граѓани на кои им се заканува депортација од САД.

Во САД според проценките живеат околу 10 илјади Филипинци кои можат да бидат депортирани ако претседателот на САД Доналд Трамп, го укине законот со што се овозможува децата на мигрантите кои се родени во Америка, да останат легално и да работат таму.

Секретарот за меѓународни работи на Филипини, Алан Питер Каетано изјави денеска дека се подготувува фонд за сите тие што евентуално би биле погодени од укинувањето на законот.

Гаетано ги повика сите Филипинци во САД активно да го поддржат законот што ќе им помогна на децата на мигрантите да бидат вклучени во програмата која е предвидена со законското решение.

Тој во исто време, порача Флипинците во САД „да се надеваат на најдобро но и да бидат подготвени за најлошо сценарио“.

Филипини кои важат за една од најпријателските нации кон САД се подготвени да им посакаат добредојде на своите сонародници кои што ќе бидат депортирани во татковината.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски