ВМРО-ДПМНЕ: Неспособност, хаос, лаги и понижување е се што видовме од владата на СДС во првите 100 дена

Од:

„Неспособност, хаос, лаги и понижување е се што видовме од новата влада на СДС во првите 100 дена.

Во изминатите 100 дена СДС ја прекина изградбата на автопатите за кои беа речиси целосно изградени од страна на владата ан ВМРО-ДПМНЕ. Останаа само помали зафати кои можат да се решат за неколку дена, но очигледно СДС нема политичка воља за тоа.

Над 300.000 пензионери останаа измамени и не го добија покачувањето кое требаше да го добијат доколку МВРО-ДПМНЕ формираше влада. Пензионерите се сеќаваат дека и во претходниот мандат на СДС на пензионерите им беа одземени 8% од пензиите.

Позади себе оставија хаос во здравството. За само една недела го имавме најцрниот биланс во болниците. Пациенти беа тепани во болничките кревети. Запрена е изградбата на новиот клинички центар за кој се беше подготвено, обезбедени беа средства, само требаше да почне да се гради.

Неспособноста на владата на СДС се виде во моментите кога во Македонија беснееа пожари на планините, а министрите си отидоа на одмор. 26 министри не успеаа со денови да се справат со два пожари во депониите близу до градовите, а граѓаните беа оставени да се молат да заврне дожд за да се реши нивниот проблем.

Овој кошмар може да се прекине на 15-ти октомври“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски