(ВИДЕО) Димовски: Парламентарното мнозинство глуми лажна конструктивност

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денеска изјави дека пратениците од неговата партија и Коалицијата „За подобра Македонија“ остро реагираат на, како што рече, „лицемерното и лажно дејствување на СДСМ во Собранието на Република Македонија“.

– Во текот на вчерашниот ден на седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на СДСМ гласаа против донесување на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери на студентите од трета и четврта година во Република Македонија, а нашите најави се дека СДСМ ќе гласа против и за другите два закони предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, рече Димовски на прес-конференција во Собранието.

Со тоа СДСМ, како што наведе, призна дека глуми лажна конструктивност во Собранието на Република Македонија.

– Заради односот на СДСМ ниту студентите ќе добијат ваучери ниту вработени во полиција, војска и вработените во другите државни служби ќе добија 5 отсто покачување на платите, ниту ќе се намалат трошоците во постапките за извршување, рече Димовски.

Според него, се повеќе се потврдува позицијата дека Парламентот е на тенкото мнозинство од 62 пратеници, а не е Парламент на 120 пратеници избрани од сите граѓани на Република Македонија.

– Без разлика на ставот на СДСМ не гласањето за законите кои што ние ги предложивме, а се од значаен интерес за граѓаните на Република Македонија, ние ќе го потврдиме нашиот конструктивен однос и ќе гласаме за трите закони кои што СДСМ ги предложи, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија