Нов корупциски скандал поврзан со Олимпијадата во Бразил

Од:

Бразилските и француските власти објавија дека откриле меѓународна корупциска шема за купување на гласови за доделување на Летните олимписки игри во 2016 година на Рио де Жанеиро, пренесоа светските агенции.

Според бразилската полиција, постојан индикации дека Карлос Алберто Нусман, шеф на Бразилскиот олимписки комитет и претседател на Комисијата за организација на игрите, интервенирал при купување на гласовите на африкански членови на Меѓународниот олимписки комитет, за да гласаат за Рио.

Истрагата за случајот започна пред девет месеци и се нарекува „Нелојална игра“. Во неа на бразилските истражни органи им помагаа колеги од Франција, Антигва и Барбуда.

На Нусман кој е поранешен одбојкар и веќе две децении е претседател на Бразилскиот олимписки комитет му е одземен пасошот. Тој работи како адвокат, член на ИОК е веќе 12 години, а е дел и од Координативната комисија за Игрите во Токио во 2020 година, давајќи им совети на организаторите за тоа како да се подготват за настанот.

По игрите во Рио, Нусман доби од претседателот на Светската олимписка организација (ИОК) Томас Бах, награда „Олимписки орден“, која се доделува на луѓе со исклучителен придонес кон Олимписките игри.

Поради корупциски скандал и раководење со мрежа за пренасочување на средства од градежните проекти за Игрите, меѓу кои и проектот за модернизација на стадионот „Маракана“, во јуни на 14 години затвор беше осуден Сержио Кабрал, поранешен гувернер на сојузната бразилска државата Рио де Жанеиро во периодот 2007 – 2014 година.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?