Османи: Законот за јазиците е дел од Рамковниот договор

Од:

Предлог законот за јазиците е дел од Рамковниот договор, фундамент на меѓуетничките односи и евро-атлантските интеграции, се наведува во соопштението од кабинетот на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, по денешните барања од ВМРО-ДПМНЕ да се тргне европското знаменце од законот за јазици.

– Имплементацијата на Рамковниот договор е нераскинливо поврзана со процесот на европската интеграција на земјата, за што говорат и низата заклучоци на Советот на ЕУ изминативе години, кои укажуваат на потребата од целосна имплементација на истиот како камен темелник за понатамошно градење на демократско општество со мултиетнички карактер, како рамка за обезбедување на иднината на демократијата во Македонија и овозможување на развојот на поблиски и поинтегрирани односи помеѓу Република Македонија и евро – атлантската заедница, се истакнува во соопштението.

Владата, како што е наведено од кабинетот на вицепремиерот Османи, ги имаше предвид Процесот за стабилизација и асоцијација, преземените обврски со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и обврските од Пристапниот дијалог на високо ниво и Итните реформски приоритети, преку кои, изготвувањето на Предлог законот за употреба на јазиците стана и дел од Планот 3-6-9 за откочување на евроинтегративните процеси, кој беше широко прифатен како од домашната јавност, така и од бројните меѓународни пријатели на Македонија.

Посочуваат дека согласно деловникот, Владата одлучи на овој Предлог – закон, како дел од процесот на европска интеграција, да ми додели ЕПП број 2017.0000.7414. или т.н. статус на европско знаменце.

Би можело да ве интересира

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина