(ВИДЕО) Димовски: За законот за јазиците прво треба да расправа Комисијата за политички систем

Од:

Матичната комисија прво треба да го разгледа предлог законот за употреба на јазиците па дури потоа Комисијата за европски прашања, изјави координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија ДИмовски.

Тој побара седницата на Комисијата за европски прашања да биде прекината веднаш и наместо неа да започне расправата на матичната комисија на овој закон, односно Комисијата за политички систем.

Според Димовски ваквиот однос на СДСМ, е нефер и недемократски при што повторно напомена дека за овој закон треба да расправа Комисијата за политички систем каде ќе бидат вклучени експерти од судството, уставното право и на јавна расправа да се дојде до решение.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on