Макрадули: На Трајко му треба дијагноза од Груевски, лично ќе го тужам за клевета

Од:

„Очигледно е дека власта продолжува да го покажува своето грдо лице на диктатурата и нема намера да запре. Згрозен сум од гнасната лага и манипулација од Трајко Вељаноски, бидејќи човек кој што бил присутен на настанот во понеделникот сигурно не му требале четири дена за да размисли што да каже, ако знаел што се случува“, вака денеска одговори Јани Макрадули, на прашањето на „24 Вести“, за коментарот на изјавата на Вељаноски за МИА.

– За тоа веднаш ги известив моите адвокати, не само она што како партија и како пратеници го направивме со кривичните пријави за него, јас ќе поднесам тужба за клевета и навреда. Навистина згрозен сум од оваа гнасна манипулација која што сака да се сервира. Бидејќи го слушам премиерот деновиве се занимава со медицински дијагнози, мислам дека е време Трајко да го посети Никола – изјави Макрадули.

Тој вели дека на координацијата не им било дозволено да се движат по нормалниот пат, туку полиција и обезбедувањето ги спровеле до салата каде се одржува координацијата.

– Координацијата траеше пет минути, од кога не ни беше даден документот и дописот со кој што ја известил владата дека е пратен буџетот. Јас само го известив дека за сценариото што се реализира надвор, да се удри по народот, граѓани едни против други, и за сè што ќе се случува во Собрание, единствен виновник врз кого цела одговорност паѓа ќе биде Трајко Вељановски – тврди Макрадули.

Би можело да ве интересира

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он