Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска телефонски разговараше за Северна Кореја со американскиот и руски претседател и со германска канцеларка.
Првиот разговор на Мун, откако Северна Кореја вчера изведе најнова нуклеарна проба, беше со Доналд Трамп. Двајцата лидери се согласија дека најновата нуклеарна проба на Северна Кореја е сериозна провокација „без преседан“.
Јужнокорејскиот претседател во разговорот со Ангела Меркел се согласија за поригорозни санкции против Пјонгјанг.
– Во светло на неразумен и конфронтирачки став на Северна Кореја, канцеларката и претседателот изразија поддршка на меѓународната заедница со цел побрзо да се усвојат дополнителни поостри санкции, посочи портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт.
Тој додаде дека Мун и Меркел потенцирале дека е важно да се обезбеди блиска соработка меѓу сојузниците, како и дека „заедничка цел е да се избегне воена ескалација и да се постигне мирно решение“.
Мун телефонски разговараше и со рускиот претседател Владимир Путин.
Како што соопшти Кремљ, Путин исткакна дека дипломатијата и разговорите се единствен начин за надминување на кризата.
Рускиот претседател потенцира и дека најновите севернокорејски нуклеарни проби се сериозна закана за мирот и безбедноста на регионот.
– Многу лесно е за државите кои се вон регионот да кажат „војна“, но тие во регионот би требало да се попаметни и побалансирани, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, алудирајќи на ставот на САД кои побараа посилен одговор кон Пјонгјанг.