ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја злоупотребува власта и ја користи за пресметка со своите неистомисленици

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение, реакција на соопштението на СДС кое се однесуваше на изјавата на Милош Милошевски.

„СДС ги користи институциите за вршење на репресија и тортура врз граѓаните и стопанствениците. УЈП под капата на Лукаревска, другарката на Богоев затвора објекти во организирана акција против своите неистомисленици.

Скандалозно е тоа што СДС затвора локали само заради тоа што делеле шеќерчиња со лого на општината во која се наоѓаат.

Срамно е што СДС ја користи инспекцијата за репресија и тортура на угостителите и стопанствениците.

СДС ја злоупотребува власта и ја користи за пресметка со своите неистомисленици.

СДС ја става на коцка судбините на вработените кои поради хировите на Сања Лукаревски и одмаздата на Заев ги загубија работните места. Многу фамилии ќе останат без своите примања благодарение на другарката на Стефан Богоев.

За целиот хаос во кој СДС ја втурна државата ќе се соочат со казната на граѓаните на претстојните локални избори на 15 октомври“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните