Адвокатот Костиќ пред Рашковски, бил ангажиран и од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Адвокатското друштво КВЦ, каде е и адвокатот Дејан Костиќ побара извинување од ВМРО-ДПМНЕ поради негативната кампања и штетата која е нанесена на угледот на канцеларија. Од таму упатија повик да не се партизира канцеларијата со оглед дека услугите кои ги даваат не ги нивелираат според политичката припадност на странките. Негират дека некој од адвокатите има роднинската врска со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Токму како што наведуват, поради квалитетот биле ангажирани да бидат и адвокати на поранешниот директор на АД ЕЛЕМ и сегашен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на поранешниот директор на АД МЕПСО Ненад Јовановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и поранешниот директор на АД СЛАВИЈА Даница Јованова кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ деновиве на прес конференции го обвини Драги Рашковски дека длабоко загазил во криминал зашто го ангажирал како што рекоа, сопствениот кум Дејан Костиќ да ги врши валканите работи за него.

– За тоа го плаќа со пари од буџетот. Никој не знае во која постапка и од кого е одбрана токму канцеларијата на неговиот кум да ги спроведува правните работи на генералниот секретаријат на Владата, иако истиот располага со правна служба која исто така е платена од буџетот, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференции во изминативе денови.

Од канцеларијата во врска со упатените обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека се бесправно ангажирани наведуваат дека адвокатските услуги се ослободени од формалите процедури на Законот за јавни набавки, затоа што адвокатскиот квалитет е немерлив и е оставено на субјектите сами да одлучуваат на која адвокатска канцеларија ќе и ја дадат својата доверба.

Во врска со изнесената фактура за ЈП Јасен, и обвинувањата дека од канцеларијата наплатиле нешто што не е сработено, појаснуваат дека поранешниот директор Оливер Андонов на членовите на новиот управен одбор не им дозволил да имаат увид и располагање со статутот на друштвото со што од страна на членовите на управниот одбор било побарано да им го обезбедат од централен регистар.

– Од страна на поранешниот директор Оливер Андонов, им беше забрането на сите вработени да не помагаат во работата на новиот управен одбор иако тоа им е во опис и попис на работни задачи, па од нас беше побарано како адвокатска канцеларија да присуствуваме на конститутивната седница. Иако разрешен, Оливер Андонов продолжуваше да им забранува на вработените да ја даваат техничката подршка на членовите на управниот одбор, дури им нареди да не влегуваат во просториите на јавното претпријатие на членовите на управниот одбор и надлежните службеници не сакаа да го заведат записникот од втората седница на управниот одбор, па од страна на УО беше побарано да даваме правна помош за да се биде според закон.

Иако повеќекратно и телефонски и со присуство бевме вклучени во целата постапка, од наша страна беше само еднократно наплатено извитоперување на вистината е и износот затоа што во него не се кажува дека тоа е износ кој е со ДДВ кој се враќа во буџетот и дека во него се содржани такси кои се плаќаат према Централен регистар, наведуваат од канцеларијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања