ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ избира комисија за образование која ќе нуди конструктивни предлози и идеи за подобрување

Од:

Анета Стојановска Стефанова од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека иднината на Република Македонија се младите и нивното квалитетно образование и дека во насока на создавање на подобра образовна политика и иницирање на предлози и проекти за подобрување на образовните систем, ВМРО-ДПМНЕ се во фаза на избор на членови на комисијата за образование и наука која ќе ги следи сите прашања поврзани со образованието на младите и преку својата пратеничка група ќе понуди конструктивни предлози и идеи за подобрување.

– Комисијата, со својата работа долгорочно ќе се потруди да биде коректив на власта во оваа сензитивна сфера, каде се гради иднината на нашите деца, но ќе се согласите иднината на нашата држава и на светот воопшто. Главна карактеристика на владите на ВМРО-ДПМНЕ беа работа, инвестиции и градба. Резултатите го говорат тоа. Владата која што беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ за овие десет години изгради 74 нови училишни објекти, а реконструираше 400. Во делот на стандардите на наставничкиот кадар, највисоката плата на наставниците за време на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година во однос на 2016 година порасна за 67 отсто, а за 119 проценти е зголемена најниската плата на наставниците, рече Стојановска Стефанова.

Таа кажа дека во 2006. година кога ВМРО-ДПМНЕ ја презела власта, министерството за образование и наука имало буџет од 13 милијарди денари, а владата на СДСМ во 2017. година наследила буџет од 23 милијарди денари.

– За жал, свежи се сеќавањата за неразвојниот и непродуктивен концепт на ребаланс на буџетот, кој го предложи министерството за финансии и кој очекуваме да го забави развојот на економијата и да предизвика нејзина целосна стагнација. Со ребалансот средства беа скратени и во клучниот ресор образование и наука и тоа:
25.000.000 денари помалку за изградба на основни училишта,
8.000.000 денари помалку за реконструкција на основни училишта,
15.000.000 денари помалку за изградба на средни училишта,
7.000.000 денари помалку за реконструкција на средни училишта,
105.240.000 денари помалку за изградба на училишни спортски сали во основните училишта
5.000.000 денари помалку за опремување лаборатории,
20.000.000 денари помалку за проект за превод на книги од реномирани автори,
9.100.000 денари помалку за професионален развој на воспитно образовниот кадар,
31.000.000 денари помалку за спортски објекти предвидени во програмите за млади и спорт и други кратења од Буџетот беа предвидени со овој ребаланс и со неговиот неразвоен концепт кои што се однесуваа на суштински и значајни сфери, рече Стојановска Стефанова.

Според неа, со ребалансот на буџетот, владата на Заев и министерот Тевдовски не само што ги скратиле средствата, туку ги скратиле и сите надежи за развој и континуитет во сферата на образованието.

– ВМРО-ДПМНЕ очекува дека на стартот на новата учебна година, и покрај огромните кратења на средства во овој ресор образование, сепак дека Владата да изнајде начин и да создаде услови основните и средните училишта и во новата учебна година нормално и непречено да ја вршат својата работа до крајот на учебната година, а притоа да се запази квалитетот на наставата и ученичкиот стандард, заврши Стојановска Стефанова.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања