Неутралната Швајцарија е подготвена да биде посредник во решавањето на севернокорејската криза, па и да биде организатор на министерски средби, изјави денеска швајцарската претседателка Дорис Лојтард.
Таа истакна и дека Швајцарија има свои трупи на демаркационата зона меѓу Јужна и Северна Кореја, како и дека земјата ќе ја следи „долгогодишната традиција на неутралност во полето на дипломатијата“.
– Сепак, Кина и САД мораат да го преземат својот дел од одговорноста, додаде таа.