(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Се уште не се санирани проблемите во училиштата во Општина Центар

Од:

Васко Робовалиев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите запраша дали стручните служби и локалната самоуправа во Општина Центар ги овозможиле сите услови за децата, наставниците и родителите за сигурен и безбеден почеток на оваа учебна година.

– Дали општина Центар ги направи сите законски постапки и процедури со кои им се овозможува на учениците безгрижно и безбедно образование и колку оваа локална самоуправа предводена од СДС се грижи за учениците? Претставници на локалната самоуправа предводена од СДС денеска беа во посета на училиштето ООУ „Св Кирил и Методиј“ токму во Општина Центар. Директорката на ова основно училиште изјави дека училиште претрпело најголемо оштетување од земјотресите кои се случија пред една година и каде има записник направен од ИЗИС каде се вели дека треба да се направи задолжителна санација на ѕидовите кои се распукани и оштетени на плафонот и во вертикална страна. Дали е повикано лице од соодветните институции да ја увиди оваа ситуација и да ја гарантира безбедност на учениците во тие училници, бидејќи и покрај дадениот апел од директорката за оваа итна санација имаме информација дека сеуште нема никаква реализација, рече Робовалиев.

Тој додаде дека во истото училиште има потреба да се направи водоводната и канализационата мрежа бидејќи во тоалетите капело вода од горниот спрат, а најболна точна била фискултурната сала која биле планирана од претходната влада, но новата влада се уште не ја завршила.

– Поминаа 2 години како имаше наводно “труење” од водата на ученицитево ООУ „11 Октомври“ каде незаконски беше разрешена тогашната Директорка а воедно беше ветена реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, но до ден денешен таа сеуште не е сменета. Дотраени врати, клупи и столчиња сеуште се дел од инвентарот на ова училишта. Во ООУ „Кочо Рацин“, директорката замоли да се направи училишниот двор, се пожали на состојбата на во училишниот двор, односно менување на бекатонските плочи во школскиот двор бидејќи постоечките се во лоша состојба и истите во моментов ја загрозуваат безбедноста на движењето на учениците. Фасадата е во многу лоша состојба а ова училиште беше најпогоденото од големите врнежи кои се случија минатата година и беше поплавено. Иако беше посочено дека сеуште протекува од кровот, направената е мала санација во тој дел, рече Робовалиев.

Тој кажа дека проблем во однос на фасадата имало и во ООУ „Димитар Миладинов“, каде што директорката уште на почетокот на летото апелирала за итна санација, дека имало одрони и стравувала дека тоа може да биде опасно за учениците.

– Септември дојде а фасадата е сеуште недопрена. Прашуваме: Кој ќе сноси одговорност доколку се случи да падне дел од фасадата односно да настанат одрони и да повредат некое дете? Основното училиште „Коле Неделковски“, мака мачи да ја осигура безбедноста и грижата на учениците од сообраќајниот метеж пред тоа училиште. Прашуваме: дали може да ја гарантирате безбедноста на учениците и нивните раодители? Директорката на ова училиште успеа самостојно да обезбеди странска донација и да го реновира целосно училиштето со целосно обезбедување на клупи и корпи за отпадоци за училишниот двор и само замоли само локалната самоуправа да го уреди хортикултурно дворот, рече Робовалиев.

Според него летото поминало за локалната самоуправа предовдена од СДСМ и со тоа можело да се види колку оваа власт се грижи за училиштата каде што има градоначалници од своите редови.

– Место да се искористи овој летен период за санација и обезбедување услови за непрекинато и безбедно воспитание и образование очигледно оваа власт предводена од СДС се насочува кон уништување на истото. Сите ученици заслужуваат еднакви услови за воспитание и образование, рече Робовалиев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања