Лидерите на земјите од групата БРИКС силно го осудија нуклеарното тестирање на Северна Кореја и повикаа на директен дијалог за нуклеарниот проблем на корејскиот полуостров.
Во заедничка декларација на членките на БРИСК,(Бразил, Кина, Русија, Индија и Јужна Африка) се искажува длабока загриженост за постојаните тензии околу севернокорејскиот нуклеарна програма.
Лидерите на БРИСК во декларацијата бараат проблемот да се решава на единствениот можен начин, преку директен дијалог меѓу сите страни.
Северна Кореја вчера ја изврши својата најсилна нуклеарна проба во која ја детонираше унапредената хидрогенска бомба за ракета со среден дострел, што предизвика реакции низ светот.