ВМРО-ДПМНЕ: УЈП се претвори во алатка за казнување на непослушните и неподобните

Од:

Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска даде изјава за медиумите на која што кажа дека мора да престане хајката против угостителите во Скопје која ја водела УЈП, бидејќи, според него, е недозволиво селективно, само затоа што некој не потклекнувал под притисоците на султанизмот на Заев да бил казнуван и затворан, а други без проблем да ги заобиколуваат законите.

– Како поинаку да се толкува фактот што некои фирми кои важат за блиски до СДС и до Заеви да не ги исполнуваат законските обврски и за тоа да бидат толерирани, а други без никаква опомена ригорозно да бидат казнувани. Наместо опомени како што зборуваа, прва антиреформа е затвори се што не е поткелкува под притисоците на СДС. „Прва задача на инспекциите е да укажуваат, а не да казнуваат“ ветуваше Заев пред изборите, а сега прават се спротивно. Ова е типично за Заев едно да зборува, а друго да прави. Тоа народот го вика лажење.Ова е очигледен показател за нивната дволичност. Кaко и за многу други работи, така и за тоа покажаа дека безочно ги лажеа граѓаните, рече Милошевски.

Тој додаде дека УЈП се претворило во алатка за казнување на непослушните и неподобните, а во јавноста се зборувало дека се работи според црни списоци на фирми кои треба да бидат затворани.

– Другарството на Стефан Богоев и Сања Лукаревска гледаме дека им донесе катанци, наместо живот на локалите. Тие на дело го спроведуваат планот за живот на Зоран Заев кој подразбира да се јадат живи луѓе.Граѓаните, стопанствениците и вработените на свој грб почуствуваа каков живот им донесе СДС. Почетокот на крајот на оваа политика ќе се случи на 15 октомври кога на престојните избори СДС ќе доживее катастрофале пораз. Граѓаните тогаш ќе покажат што мислат за ова лудило на СДС, рече Милоевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти