(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ги цензурира социјалните мрежи

Од:

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека Владата на СДСМ сакала под целосна контрола да го стави јавното мислење и дека не им била доволна контролата над медиумите, па било наредено и воспоставување целосна контрола над интернетот и социјалните мрежи.

– Само за периодот кога Оливер Спасовски бил технички министер во својот прв мандат тој побарал проверка и гасење од фејсук на 68 профили на корисниците на оваа социјална мрежа. Како за споредба владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години владеење има проверено вкупно 59 фејсбук профили. За време на вториот мандат на Спасовски, како технички министер тој издал наредба за проверка и гаснење на 36 фејсбук профили. За споредба во истиот период во 2016 година Русија и Малезија вкупно имаат 26 барање кон фејсбук за вакви мерки, рече Стојаноски.

Тој додаде дека во соседството, Албанија и Бугарија имале по 14 барања за проверка и гаснење на Фејсбук профили во втората половина на 2016, а МВР испратила 36.

– Зошто на СДС толку им пречи правото на сопствено мислење и слободата на говор? Зошто СДС се плаши од критика? Зошто СДС сака да ја претвори Македонија во Северна Кореа? ВМРО-ДПМНЕ во период од 10 години има помалку проверки спроведено на фесбук од она што Оливер и СДС го има спроведено за 1 година.На неспосбната влада на СДС им пречи критиката и слободата на говор. Им пречат луѓе кој јавно ги критикуваат за погубните политики и за носење на државата на работ на бездна, рече Стојаноски.

Како што кажа тој, СДСМ може да цензурираат но нема да ја сокријат својата неспособност, а Заев и Спасовски можеле да ги проверат сите фејсбук профили во обид да ги цензурираат. Според Стојаноски, тие можат да ги цензурираат медиумите, социјалните мрежи, учебниците, но тоа ќе било само залуден обид за да се сокрие вистината за нивното расипничко работење.

– Ниедна цензура нема да биде доволна за да ги спречи граѓаните да го изразат своето незадоволство на локалните избори на 15 октомври каде ваквите штетни политики на СДС ќе бидат целосно разобличени и делегитимирани, заврши Стојаноски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања