ВМРО-ДПМНЕ: Преку 300.000 пензионери останаа излажани од СДС

Од:

„Дојде први септември, а пензионерите не го добија ветеното и најавено покачување од 5 % проценти на пензиите.

Преку 300 000 пензионери останаа излажани и изманипулирани од СДС.

ВМРО предупреди дека Заев лаже и дека кога пензионерите ќе ги подигнат своите пензии неѓа да ги добијат 5-те проценти што им следуваат. Нема да ги добијат ниту 650 денари кои им ги даваше ВМРО, а уште помалку 2100 денари колку што ги лажеа Заев и Царовска дека ќе им дадат како покачување.

Тоа е вистинскиот лик на Заев и СДС. Лаги, манипулации, неизвесност и неспособност да се реализира ништо.

Ова не е прв пат пензионери да бидат изманипулирани од страна на СДС.

Пензионерите добро паметат дека токму во времето на владеењето на СДС пензиите, наместо да растат им беа намалени за 8%.

Во 2006 година просечната пензија изнесуваше 7864 денари, додека во 2016 година 13754 денари, што претставува зголемување за 79%.

Пари за пензионерите нема, но пари за расфрлање и луксузирање на функционерите на СДС се наоѓаат. За само 25 дена по распишување на локалните избори, владата предводена од СДС потрошила неверојатни 32 600 000 евра на стоки и услуги и незаконски вработувања на партиски послушници и таканаречени шарени револуционери.

СДС крати од пензионерите и го укина покачувањето пензиите од 5%, но затоа потроши преку 30 милиони евра на луксузи, патувања, дневници, опремување на кабинети и за вдомување на партиски војници.

Расипничката влада на СДС, поради катастрофалните економски политики кои ги води во изминатиот период, успеа да ја повлече економијата во надолна линија.

Откако е СДС на власт за прв пат после долго време имаме пад на индустриското производство за 2,2%, за прв пат имама пад на просечната плата за 0.7%.

Имаме 100 милиони евра помалку странски директни инвестиции во јули 2017, за разлика од јули минатата година.

Граѓаните ваквата недомаќинска и неодговорна политика на СДС ја препознават. Ваквото безобразно и непрофесионално владеење ќе заврши многу брзо. На предстојните локални избори граѓаните ќе им соопштат што мислат за расипничката политика и СДС ќе биде поразен на изборите“, изјави Орце Ѓеорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО