(ФОТО) СДСМ: Партискиот војник Валентин Ѓорѓиески е насилникот во Прилеп

Од:

И додека јавноста се згрози од вчерашното насилно влетување со џип на протестот на опозицијата и повредувањето на три лица, СДСМ денеска го обелодени неговиот идентитет. Се работи, велат од СДСМ за Валентин Ѓорѓиески, човек, близок на ВМРО-ДПМНЕ и на градоначалникот Марјан Ристески.

На сликите кои ги објавија се гледа Ѓорѓиески рамо до рамо со челниците на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

„ Со вакви лица, слепи партиски послушници, ДПМНЕ се обидува да ги попречи протестите на опозицијата и да го заплаши народот. Пипките на режимот се спуштија и на најниско локално ниво. Партиските војници на ДПМНЕ добиваат наредби од врвот да создаваат нереди и инциденти со цел да ја искриват сликата за мирните протести на опозицијата. Дали токму Марјан Ристески, Миле Јанакиески и Ана Лашкоска, кои се сликани со монструмот кој ладнокрвно влета во толпата, се нарачателите на овој грозоморен чин? Јавноста има право да знае и сама да процени кој е сторителот, а кој нарачателот на вчерашниот обид за убиство “, укажуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме