ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев не се пожелни во Велес

Од:

„На Зоран Заев и политичарите на СДСМ не им е местото во Велес.

Велес е градот кој најмногу пропати од политиките на СДСМ кои значеа затворање на фабрики, технолошки вишоци и бркање луѓе на улица без работа.

СДСМ во Велес е синоним на поимите транзиција и криминална приватизација.

СДСМ во Велес е синоним за грабеж, пустош на економијата и уништување на цели семејства. Заради штетите кои зад себе ги оставија СДСМ и Заев никогаш не се добредојдени во Велес.

На СДСМ и Заев не им е местото во Велес затоа што од град на индустријата го направија град на невработеноста и сиромаштијата.

СДСМ и Заев не се пожелни во Велес затоа што ги распарчија најголемите фабрики во градот и оставија илјадници наши сограѓани на улица.

Нема добредојде од Велес за Заев и СДСМ затоа што оставија рекордни 16.912 луѓе без работа.

Нема место за СДСМ и Заев во Велес затоа што ја пропаднаа фабриката Порцеланка и ги тепаа работниците само затоа што си ги бараа сопствените плати.

СДСМ и Заев не се пожелни во Велес затоа што уништија и ставија катанец на фабриките Свилара, Брако, Графичар, ВелесПром, Интернационал, Транс Велес, ХИВ, ГП Бетон, ГП Пелагонија и ГП Младост.

Заев и СДСМ не се пожелни во нашиот град затоа што поставуваа роднини за судии и стечајни управници за фабриките во Велес, кои преку стечајни постапки направија да ги украдат луѓе блиски на СДСМ.

Има голема разлика помеѓу политиките кои ги водеше ВМРО-ДПМНЕ и политиките на СДСМ. Тоа велешани најдобро го знааат.

Додека во време на СДСМ фабриките се затвараа, во време на ВМРО-ДПМНЕ се отвораа нови фабрики, а некогаш затворените погони повторно се рестартираа“, изјави Ѓорѓи Коџабашиев.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му