А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Велес приведени седум лица поради производство и пуштање во промет дрога

by А1он02/09/2017 - 12:45132
Share0

Отсекот за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Велес приведе седум лица за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информираат од МВР.

Добивај вести на вибер

– Во периодот од 19.00 часот на 26.08.2017 година до 06.00 часот на 27.08.2017 година, по претходно организирана и спроведена акција, Отсекот за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Велес приведе седум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 и „овозможување на употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 216 од Кривичниот Законик на Република Mакедонија, соопшти МВР.

Оттаму известуваат дека во близина на езерото Младост од слобода било лишен Д.Д. (31) од Велес, кој бил фатен во момент кога вршел продажба на наркотична дрога. Од него биле одземени осум банкноти по 2000 денари, една банкнота од 500 денари, една од 1000 денари, четири банкноти од 50 евра, две од 20 евра, две од 10 евра, една банкнота од 5 евра, две картица од две банки, една дигитална вага, пет пакувања тревкаста материја, еден џоинт и три пакувања ризла. Дополнително, од ова лице биле одземени и четири пакувања тревкаста материја, која била спакувани во проѕирни најлонски ќеси, со маса од околу 300 грама.

– Приведени се и Д.Г. (20) и И.Ѓ. (39), двајцата од Гостивар, Г.Ѓ.(28) и А.С. (28), двајцата од Скопје. Овие лица се приведени во градскиот парк во Велес за време на одржување на техно забава. Кај нив биле пронајдени и одземени поголема количина таблети со бела боја, зелена тревкаста материја со маса од околу 10 грама, 5 банкноти по 1000 ден и 4 банкноти по 500 денари, информираат од Министерството.

МВР известува дека на истата забава биле лишени од слобода и Д.С. (25) од Неготино и А.М. (17) од Свети Николе.

-Кај Д.С. била пронајдена зелена тревкаста материја завиткана во хартија со маса од околу два грама, а кај лицето А.М. биле пронајдени четири цигари (џоинти) со тревкаста материја, едно пакување со тревкаста материја, непознати таблети со триаголна форма и жолта боја со натпис Тесла, печат ставен во фолија и едно пакување ризли ОЦЕ, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против сите лица ќе бидат поднесени кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

drogamvr

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Предраг Петровиќ21/08/2025 - 16:10

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

Горан Наумовски21/08/2025 - 10:24

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!

Горан Наумовски20/08/2025 - 12:02

Скопјанец со голема количина на кокаин е уапсен кај Лесковац

Горан Наумовски20/08/2025 - 10:4320/08/2025 - 10:56

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски19/08/2025 - 09:0819/08/2025 - 09:09

Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага

Предраг Петровиќ17/08/2025 - 11:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен