Во вториот квартал годинава се евидентирани над 7.500 слободни работни места. Вкупната стапка на слободни работни места во второто тримесечје оваа година изнесува 1,53 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ (4,5 проценти), додека најмала е во „Јавната управа и одбрана; задолжително социјално осигурување“, каде што изнесува 0,04 проценти.
Деловните субјекти коишто имаат од 10 до 49 вработени се со највисока стапка на слободни работни места, од 2,14 проценти.
Југозападниот регион, пак, има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3,05 проценти.
Најголем број слободни работни места, односно 2.807, има во петтата група занимања „работници во услужни дејности и продажба.