Врховниот суд на Кенија го поништи реизборот на претседателот Ухуру Кенијатa и наложи одржување нови избори во рок од 60 дена.
Како прчина за поништувањето, Судот ги наведе неправилностите утврдени на изборите кои се одржаа минатиот месец, а кои „не биле согласно Уставот”, како што нагласи судијата Давид Марага, пресудувајќи во корист на опозицијата.