ВМРО-ДПМНЕ од утре започнува со трибини на кои комисиите на партијата ќе одговараат на прашања од граѓаните

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека од утре почнуваат со трибини насловени „Отворено со комисиите на ВМРО-ДПМНЕ – Знаеме како, можеме подобро“ на кои ќе се обиделе да се доближат и ги одговорат прашањата на граѓните.

Првата трибина ќе ја одржи Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, во петок 01.09.2017 година со почеток во 19 часот.

На трибините членовите на партиските комисии ќе ги истакнуваат своите видувања за актуелни општествени прашања, ќе ги претставуваат политиките на партијата и решенијата за тековните проблеми и предизвици, како и стратегиите и проектите за развој и напредок во сите општествени сфери, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие информираат дека сите граѓани ќе имаат можност да им постават прашања на комисиите, на тема од областа на комисијата која во тој ден ќе ја реализира трибината. Трибините ќе се емитуваат во живо секој ден во 19:00 часот на фејсбук страната на ВМРО-ДПМНЕ: https://www.facebook.com/vmromakedonija.

Граѓаните своите прашања ќе можат да ги постават секој ден до 17:00 часот во тековниот ден кога се одржува комисијата на следниот е-маил: [email protected] .Темите на трибината и комисијата која ќе настапи ќе бидат објавувани и на фејсбук страната на партијата.

Сите прашања кои ќе бидат поставени и кои се однесуваат на ресорот и делокругот на работа на комисијата ќе бидат одговорени, при што дел од прашањата ќе се одговораат на самата трибина, додека пак останатите прашања ќе бидат одговорени од страна на соодветните комисии по електронски пат до испраќачот.

– ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите граѓани да се вклучат во трибините, со што ќе придонесеме за подемократско, транспарентно и одговорно општество, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ