А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Охрид: Охриѓани добро знаат на кого ја даваат довербата

by А1он31/08/2017 - 19:45156
Share0

Општина Охрид испрати писмено соопштение, реакција на соопштението на СДСМ Охрид.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Продолжува серијалот на паушални соопштенија организирани од СДСМ Охрид, на кои освен невистини и лажни обвинувања не може да се прочита ништо друго. Впрочем не реализирањето на ветувањата дадени пред граѓаните, урбанистичко пустошење и енормното задолжување на охриѓани се одлика на СДСМ Охрид.

Разликата помеѓу времето кога Вие владеевте со Охрид и сега е огромна и видлива. Охриѓани знаат многу добро кој и што направи за Охрид.

Подобро би било да го отворите отчетот на градоначалникот и таму да прочитате што се е направено за охриѓани. Доколку тоа го направевте ќе видевте дека во Лескоец се реализираа голем број проекти и се решија голем број на проблемите што ги имаа жителите на Лескоец.

Следете a1on на Youtube YouTube

Жителите на Лескоец знаат дека оваа Локална самоуправа изврши реконструкција и изведба на нова водоводна линија во Лескоец и тоа се реализираа две фази од проектот, а во тек се подготовките за реализација на третата фаза по што трајно ќе се реши проблемот со водоводот. Првата фаза е во должина од 500 метри и вредност од 1 800 000 денари, а втората од 500 метри и вредност од 2 100 000 денари. Исто така знаат дека се изгради и фекална канализација низ целата територија на селото Лескоец. И тоа не е се што реализиравме во Лескоец, тука е и отворањето на детска градинка, реконструкција на една од најфрекфентните улици во Лескоец „Илија Смически“ во вредност од 6 498 485 денари, се асфалтираа три краци од улицата „Илинденска“ во вредност од 1 970 516 денари, се реконструира училиштето, започнавме со изградба на фудбалскиот терен и уште многу други помали проекти.

Почитувани,

Жално е што сакате да ја потцените интелигенцијата на граѓаните, па со лаги и манипулации се обидувате да добиете некој ситен политички поен. Охриѓани се мудри и добро знаат на кого ја даваат довербата. Затоа вас ве сместија во мрачното минато на Охрид“ се вели во соопштението на Општина Охрид.

ohrid

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он02/08/2026 - 14:56

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски24/07/2026 - 12:1224/07/2026 - 12:12

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Горан Наумовски24/07/2026 - 10:55

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Предраг Петровиќ20/07/2026 - 09:08

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски15/07/2026 - 20:3615/07/2026 - 20:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео