Министрите за одбрана на Шведска и на Данска, Питер Хулквист и Клаус Хјорт Фредериксен изјавија дека ќе ја интензивираат воена соработка меѓу двете земји со цел да се спротистават „на руското засилување на војската, кибернападите и лажни вести“.
Во заедничкото соопштение под наслов „Руските лажни вести, опасност за нашите земји” министрите тврдат дека „дезинформациите од Русија влијаат на се помалата безбедност на тие земји“.
Во документот се укажува и на „зголеменото присуство“ на руските воени бродови во регионот на Балтичкото Море.