Кој диносаурус би бил највкусен?

Од:

Кога пред 65 милиони години небесниот проектил кој науката го нарекува астероид ги покоси тогашните господари на Земјата – диносаурусите, најверојатно сосема случајно им направи голема услуга. Сметаме дека диносаурусите повеќе би сакале да ги погоди некој астероид, отколку да завршат како вечера во чиниите на луѓето.

По се судејќи ако преживеале, најверојатно тоа би се случило, затоа што постојат научници кои се занимавале со една занимлива месождерска тема – месото на кај диносаурус би биле највусно за човекот?

Експертите сметаат дека би избегнувале да јадеме месо од оние диносауруси кои се хранат со морски суштества поради „рибјиот“ мирис кое нивното место би имало (иако луѓето јадат и ајкули), а истото би се случило со сите оние месождери од оваа група на животни. Луѓето инаку не јадат месо на животни кои се хранат со месо, затоа ни се омилени крави, свињи и овци и нивните млади.

– Луѓето често ме прашуваат дали тираносаурусот рекс би бил вкусен. Мислам дека не, вели Дејвид Варичио, професор на палеонтологија на Универзитетот во Монтана.

Да се живи, клучно за избророт би била количината на црвеното место во нив. Обично се вели дека нивниот вкус бил сличен со вкусот на пилешкото, но многу диносауруси кои се заковани за земјата поточно би имале вкус на телешко.

Уште една важна работа е количината на нивната физичка активност. Токму поради ова, биорнитомимосаурисите би биле највкусни – по игра на случајот, нивниот вкус би бил сличен на вкусот на пилешкото. Тие немале заби, поради тоа што јаделе воглавно растенија.

Тоа, меѓутоа, не значи дека и другите диносауруси не би биле омилени намирници. Велосирептор, див предатор, најверојатно би бил составен од превкусно бело месо, поради што, исто така, би можело да биде кандидат за трпезата.

– Често диносаурусите се браниле со своите опашки, а тоа значи многу бело месо. Хадросаурусите би требало да имаат сјајно црвено месо, но и сауроподите, најголемите животни кои некогаш оделе по земајта. Нивниот долг врат би бил деликатес, заклучува Вериќио.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска