(ВИДЕО) Шилегов: СДСМ на изборите излегува со чесна понуда на кандидати, наспроти криминалните кадри на Груевски!

Од:

„Корупцијата, расипништвото, деструкцијата и криминалното работење не се главна одлика на ВМРО-ДПМНЕ само на централно, туку и на локално ниво.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ доследно го следеле примерот на нивниот шеф Никола Груевски и истите, криминално работеа на штета на осиромашените граѓани.

Доказ за тоа се и пресудите против градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој е осуден бидејќи работел на штета на Општината и граѓаните, како и пресудата за Александар Панов кој бесрамно за време на кампања со црни пари купувал гласови.

Доказ за тоа е и случајот „Транспортер“ во кој градоначалникот на Битола, Владимир Талески е првообвинет за криминал тежок над 360.000 евра, наши, граѓански пари.

Овие примери се само мал доказ за незаконското работење на ВМРО-ДПМНЕ во послоедните 11 години.

Наспроти таквиот однос кон државата и општините, СДСМ на претстојните избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои што се професионалци и признаени во своите професии, личности што се препознати од јавноста и кои се подготвени да работат во интерес на граѓаните.

Владата на Македонија предводена од СДСМ во овие неполни три месеци докажа дека може да се работи чесно, професионално, домаќински, одговорно и во заштита на државните и интересите на граѓаните.

По промената на локално ниво, тоа ќе го докажеме и ќе го докажат и новите градоначалници од СДСМ и коалицијата.

Граѓаните ја препознаваат разликата помеѓу нечесното, деструктивно и коруптивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ.

Затоа, на локалните избори, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат со политичка, а оние кои што работеле незаконски и со правна одговорност.

Македонија станува функционална држава. Таквиот одговорен пристап и спроведувањето на зацртаните реформи ќе продолжат и на локално ниво во интерес на и општините и на граѓаните, и на Република Македонија“, изјави Петре Шилегов, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он