Се гради втора капела на прилепските гробишта

Од:

Изградбата на капелата на старите гробишта во Прилеп треба да заврши за еден месец, соопштија денеска од Иницијативниот одбор за изградба на капелата и надлежните од прилепската локална самоуправа кои беа на терен за да се види како течат градежните работи.

Според Бранко Нешкоски, раководител на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање ова е втора капела во рок од две години што се гради во Прилеп. Првата е изградена на новите градски гробишта.

– Оваа капела на старите градски гробишта во централното градско подрачје е од помал обем. Тука ќе може да се изведува само една погребална церемонија, а ќе има и други простории кои се потребни за објект од ваков карактер. Капелата е во крајна фаза на изградба и се очекува да биде готова за околу еден месец. Треба да се постават дограмата, подовите, инсталацијата. Паралелно со градежниот е и партерното уредување околу објектот. Ова е многу потребен објект за Прилеп, вели Нешкоски.

Изградбата на објектот ја финансира Иницијативниот одбор за изградба на капелата, кој е формиран од општината пред повеќе години. Членот на одборот Симон Наумоски вели дека се собрани средства од околу 8,5 милиони денари.

– Во наредните неколку месеци ќе треба просторот партерно да се уреди и да се изгради паркингот. Како одбор, од граѓаните имаме собрано средства од околу 8,5 милиони денари и се уште пристигнуваат на сметката, а во финансирањето ќе се вклучи и локалната самоуправа, вели Наумоски.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески смета дека изградбата на капелата е од големо значење за градот.

– Имајќи предвид дека во состав на сите гробишта треба да има и капела, таква се направи во новите гробишта со средства со локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“. Исто така и за оваа капела ќе бидат одвоени дел средства за нејзина изградба. А со изградбата на џамијата во населбата Тризла, во нејзиниот внатрешен дел и таму ќе биде изградена капела, така што овие потреби и на христијанското и на муслиманското население во Општина Прилеп комплетно ќе бидат задоволени во наредниот период, изјави Ристески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница