А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Искористени 5.170 ваучери за набавка на компјутери

by А1он27/12/2012 - 13:1327/12/2012 - 13:14133
Share0

Вкупно 5.170 ваучери за набавка на компјутер со финансии од државата искористиле студентите од социјално ранливите семејства со месечни примања на родителите под 15.000 денари. Со тоа во приватниот сектор се слеаја 80.135.000 денари, како поддршка од државата во услови на економска криза.

Добивај вести на вибер

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска посети продажен салон на АМЦ компјутери, компанија што беше вклучена во владиниот проект, при што оцени дека активностите се реализирале успешно. Имало голем интерес од студентите и се помогнало и на приватниот сектор.
– Проектот завршува успешно, доаѓаат фактурите и од останатите компаниите и сите ќе бидат исплатени до крајот на годината со цел да се помогне и на приватниот сектор во оваа година што беше тешка за целиот свет. Со 5.170 ваучери во стопанството директно се пуштија 80.135.000 денари. Тие средства не им помагаат само на ИКТ компаниите затоа што поголем дел од нив имаа ангажирано и маркетинг агенции, правеа реклами преку медиумите и на билборди. Значи имаше цел синџир компании кои беа активно вклучени во овој проект и сите тие имаат на некој начин голем бенефит од проектот на Владата, изјави Ивановски.

Очекува студентите што добија ваучери да ги користат компјутерите за напредок во образованието бидејќи целта била да се помогне и тие да ги користат бенефитите и да бидат во чекор со ИТ технологијата.

Ивановски тврди дека сите студенти што ги исполниле условите и ги имале потребните документи добиле ваучери. – Имаше неколку поплаки кај кои видовме оти има недостаток на документи, но се надеваме дека идната година повторно ќе излеземе во пресрет со ваков проект доколку има расположиви средства во Буџетот, рече Ивановски, одговарајќи на новинарско прашање. Документацијата од студентите ја разгледуваше Комисија составена од претставници на министерствата за образование и наука, за труд и социјална политика, за информатичко општество и Управата за јавни приходи.

Владата досега додели ваучери за набавка на компјутери два пати. При првата распределба ваучери добија 12.000 студенти, а 10.500 при втората.

vlada

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски24/08/2025 - 10:3524/08/2025 - 11:38

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Горан Наумовски23/08/2025 - 12:53

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Горан Наумовски20/08/2025 - 13:07

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски20/08/2025 - 13:0020/08/2025 - 13:01

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Горан Наумовски18/08/2025 - 11:55

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи

Горан Наумовски12/08/2025 - 10:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен