Масерати Гибли – редизајн и ново име

Од:

Масерати за 2018 година ја освежи својата луксузна лимузина која од сега ќе има додаток GranLusso во името.

Моделот кој во голема мера придонесе за развој на продажбата на автомобилите на Масерати во последните неколку години, претрпе помали козметички промени.

Покрај новиот преден браник, тука се уште и рестилизираната маска на ладилникот, како и дополнителни хромирани украсни детали. Новата ознака „GranLusso” е истакната на предните блатобрани на автомобилот.

Масерати исто така го промени дизајнот на задниот браник, како и дифузерот кој сега е подобар од каросеријата.

Италијанскиот производител тврди дека благодарение на помалите корекции подобрени се аеродинамичните карактеристики на возилото, а меѓу новитетите се и адаптивните LED фарови со „матрикс” долги светла, кои обезбедуваат подобра осветленост на патот.

Моторизацијата остана непроменета, па Ghibli GranLusso за погон користи twin-turbo 3.0 V6 бензинец, во верзии со 350 кс (257 kW) и 410 кс (301 kW) и 3.0 V6 дизелаш кој испорачува 275 кс (202 kW).

Силата се пренесува со помош на 8-степен автоматик, а достапен е и Q4 погон на сите 4 тркала.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска